Ако овие две земји се обединат, на Путин и Трамп им се закануваат 2 милиони војници, 10 нуклеарни бомби и 5.000 тони хемиско оружје

По самитот на двете Кореи во април, медиумите повторно почнале да пишуваат за обединување, кога веќе станало јасно дека земјите одат кон историско помирување.

Јужна и Северна Кореја по 70 години непријателство никогаш не биле поблиску до воспоставување на мир на полуостровот. По самитот во април и историското ракување на границата на двете Кореи, претседателите Ким Јонг Ун и Мун Јае Ин одржале тридневен самит во Пјонгјанг, каде постигнале низа договори, вклучувајќи и ветување од Ким дека ќе го затвори главниот нуклеарен комплекс ако САД преземат правилни мерки.

Прашањето кое сега се наметнува е што би се случило кога Северна и Јужна Кореја повторно би се обединиле?

Кога јапонското царство било уништено кон крајот на Втората светска војна, Кореја станала жртва на Студената војна. Била поделена на две сфери на влијание по 38. паралела. Американците го контролирале јужниот, додека Русите северниот дел, каде воспоставиле комунистички режим. По Корејската војна во 1953. година границата била вратена на 38. паралела и пропаднал обидот за обединување.

Аналитичарите оценуваат дека обединување на северот и југот би можело да чини околу 3 билиони долари во најдобар случај, а процесот би траел неколку децении. Конечната цена во голема мера би зависела од тоа што е катализатор за повторното обединување.

Исто така, трошоците би зависеле од сценаријата за обединување, односно дали државите би се одлучиле за постепени реформи или некој хаотичен настан би влијаел на тоа.

Годишното економско производство во Јужна Кореја изнесува околу 2 трилиони долари, што е дури 50 пати повеќе од 40-те милијарди на Северот.

Јужна Кореја, со 50 милиони жители, е петта земја на светот според извозната економија. Оваа земја е лидер во производните сектори, како што се автомобили и телефони, меѓу кои и “Hyundai” и “Samsung”.

Од друга страна, Северна Кореја има двојно помалку жители, околу 25 милиони, има една од најзатворените економии во светот, која во главно е заснована на земјоделство, ограничена е со санкции со цел сопирање на нуклеарните амбиции и кршење на човековите права. Децениите на трошење во одбраната наместо во вложување во инфраструктура и другите индустрии исто така влијаеле на слабата економија на земјата.

Северна Кореја има стратешка предност за привлекување на странски капитал – својата положба. Тоа што стои меѓу две големи економии, Јужна Кореја и Кина, го прави северот посакувано место за нови патишта и пруги кои би ја олесниле трговијата, па дури и приватните инвестиции во недвижнините, кога земјата би се отворила за странски инвеститори.

Уште една предност на Северна Кореја се младите луѓе. Просечната старост на Северот е 34. години, наспроти 42 во Јужна Кореја. За економијата на југот и приливот на младите работници кои сакаат да го трансформираат својот живот тоа би било голема предност. Овие потенцијални работници со бруталната политика се отсечени од модерното општество, што значи дека би им требало образование и обука за да функционираат во напредната економија.

Бруто домашниот производ на Јужна Кореја изнесува 33.000 евра по жител, а во Северна Кореја околу 1.600 евра.

Политичкото обединување на земјите би било малку потешко да се спроведе на дело. Со оглед на тоа дека приоритет на Ким е зачувување на неговиот династички систем, малку е веројатно дека Северна Кореја би се согласила со условите за обединување кои произлегуваат од сопствената смрт. А Јужна Кореја, како слободна демократска држава не би сакала да се бранува под сталинистичкиот тоталитаризам.

Се верува дека Северна Кореја има војска од 1,1 милион војници, со 7,7 милиони резервисти. Пјонгјанг наводно поседува повеќе од 1.300 авиони, 300 хеликоптери, 250 амфибиски пловила, 430 борбени бродови, 4.300 тенкови, 2.500 оклопни возила, 70 подморници и 5.500 фрлачи за ракети.

Северна Кореја има 10 нуклеарни бомби, ракети со краток и интерконтинентален дострел и од 2.500 до 5.000 тони резерви хемиско оружје.

Од друга страна, Јужна Кореја има војска до 625.000 активни војници, но и преку 13 милиони луѓе во резерва. Покрај тоа, Југот има значително помалку опрема од Северот.

Leave a comment

error: Content is protected !!