Ако избие Трета светска војна, бегајте таму: Овие 10 држави имаат шанси да ја преживеат апокалипсата

Минаа 73 години од последната Светска војна, која однесе десетина милиони жртви, го уназади животот и го фрли светот на колена, а политичките и воени аналитичари велат дека на основа на засиленото вооружување, опасната реторика на светските сили, растот на тензиите и тероризмот, како и засилената екстремистичка политика ширум светот – не се поставува прашањето дали ќе избие Трета светска војна, туку кога

Алберт Ајнштајн со изјавата дека не знае со какво оружје ќе се води Третата светска војна, но дека е сигурен дека Четвртата ќе биде со камења, дал точен опис на страдањата кои би ги предизвикал евентуален судир од светски размери, а експертите велат дека и тогаш во светот ќе останат оази на мирот – држави за кои се верува дека ќе бидат релативно безбедни.

Традиционално неутралната Швајцарија

Со планински терен, долга традиција на неутралност, бројни бункери и тешко вооружена војска, Швајцарија без сомнение се докажала како безбедно засолниште во текот на крвавата историја на Европа. Иако е окружена со Германија, Франција и Италија, за кои аналитичарите велат дека многу веројатно ќе бидат мети на нуклеарни бомби, Швајцарија е природно заштитена од тие опасни зони благодарение на планините кои ја окружуваат. Бројното население во високите планини би можело да најде спас во случај на атомска војна.

Доволно изолирани што никој не ги допира

Тувалу, Нов Зеланд, Исланд и Бутан немаат силна одбрана, но се доволно зафрлени што немаат никакво стратешко или економско значење за потенцијалните напаѓачи. Само Нов Зеланд и Бутан имаат војска од околу 9.000 и 6.000 активни војници, но со никого не се во проблем, а уште помалку во судир. На Глобалниот мировен индекс Нов Зеланд е на четвртото место. Неговата предност е чистата вода и плодната земја што им овозможува да преживеат без другите.

Чиле има природна заштита

Чиле е заштитен со речиси непробојна бариера – Андите на својот запад и океанот на истокот. Освен тоа, јужната хемисфера на Земјата има поквалитетен воздух, помалку градови, популација, па има многу помалку потенцијални нуклеарни мети.

Данска има адут

Нема сомнение дека Данска би страдала во големата европска војна поради тоа што е дел од НАТО и е окружена со големи европски држави, но таа има еден адут во своите раце – Гренланд. Овој најголем светски остров е одалечен, изолиран, политички неутрален и со голем планински терен. Гренланд е самоуправна автономна територија под суверенитет на Данското кралство, па се претпоставува дека извесен број на Данци таму би побарале засолниште.

Тврд орев кој е подобро да се заобиколи

Малта, шумскиот медитерански остров, во текот на историјата успешно одолевал на бројните обиди за освојување. Секој потенцијален напаѓач добро би размислил пред толку скапа инвазија, а релативно малата големина на таа држава не би оправдала фрлање на цела нуклеарна ракета, па се претпоставува дека завојуваните страни најверојатно ќе ја игнорираат Малта.

Ирска не војува

Ирска е просперитетна и развиена држава, а тоа што е најважно е дека нема никакви воени врски со било која сила која би можела да учествува во Третата светска војна. Ирска тежнее кон политичка независност, не е членка на НАТО и има долга историја на воена неутралност. Според ирскиот закон, Ирска има право да војува само ако тоа го одобрат Обединетите нации.

Фиџи е предалеку од се

Фиџи лежи во Пацификот и оддалеченоста меѓу неговите илјадници острови и првото копно е огромна. Толку изолиран, Фиџи е безбеден од потенцијална инвазија.

Leave a comment

error: Content is protected !!