Ако денеска престанете со пушењето, еве каде би можеле да одите на одмор наредното лето

Тоа дека пушењето е скапа, грда и нездрава навика не е ништо ново. Сепак, некако тие 70-100 денари кои треба да ги дадеме во продавница наутро не делуваат многу. Затоа пушачите ретко купуваат цела штека, најчесто си купуваат по една кутија цигари.

Меѓутоа дали знаете дека следната година би можеле опуштено да летувате на Малта ако денеска ја изгасите последната цигара?

Во Македонија има навистина огромен број на пушачи, а чести и се тешките заболувања како рак предизвикани од пушењето. Тука е и лошата економска ситуација во земјата, па малку се оние кои што можат да кажат дека ќе имаат доволно пари за летување, а притоа нема да мора да штетат на некои други основни работи. Подигаме кредити, штедиме на храна и облека за да си дозволиме 10 дена на море. Многу луѓе и покрај штедењето пак не можат да си го дозволат тоа.

Но, на цигари не штедиме.

Дневно во Македонија се трошат импозантни милиони за никотинскиот отров, а колку само би можеле да заштедиме доколку престанеме со оваа лоша навика. Секако, најголема корист ќе имаме за нашето здравје, но и куќниот буџет ќе почуствува олеснување. Пушачите месечно трошат во просек по 3000 денари, а со оглед на малите плати кај нас, ова е голем дел од месечниот приход потрошен буквално на отров.

За тие 3000 денари месечно можете да си купите многу работи. Секој месец може да си купите нови чевли, или да одите три пати на фамилијарен ручек. Ако пушите повеќе, за една година може да си купите и поволен автомобил.

За шест месеци ќе заштедите 300 евра и можете да отпатувате на 4 дена до Париз, 10 дена до Грција, да си купите нов телефон или лап топ или да го реновирате станот.

За една година може да си купите веспа, да одите седум дена на Малта со авион, да си купите авионска карта до Мајами или да се почастите со лускузен „all inclusive” одмор во Турција.

За десет години може да си направите викендичка или да соберете добар капитал за започнување на сопствен бизнис.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!