Агент на ЦИА во Викиликс предал брдо документи: За тоа не е обвинет, а паднал од бизарна причина

Досега невиден скандал ја потресол американската агенција ЦИА, откако било утврдено дека нејзиниот агент Џошуа Адам Шулте на Викиликс му предал тајни документи, по што паднал за детска порнографија.

Како што пишуваат американските медиуми, 30-годишниот Шулте дошол на радарот на своите колеги од ФБИ, откако било откриено дека на Викиликс, меѓународната непрофитна организација која објавува анонимни дојави, и отстапил дел од документацијата на ЦИА која се однесува на хакерските операции на американската тајна служба.

Станувало збор за, имено, досега најголемо протекување на информации од ЦИА познати под името “Vault 7 Leak”, а кои јавно биле објавени во март 2017. година.

 

Откако било откриено дека информерот на Викиликс доаѓа од редовите на тајната служба, ФБИ го пребарал неговиот стан во Њујорк, а во неговиот мобилен телефон и компјутер била пронајдена голема количина детска порнографија. Покрај тоа, агентите на ФБИ пронашле и фотографии од негов сексуален напад на колешка.

Американското обвинителство, пишуваат американските медиуми, уште не поднело обвинение против него  поврзано со протекувањето на информациите, но овие денови би требало да се најде на суд поради детската порнографија.

Покрај детска порнографија, обвинителството како доказ против него поднело и фотографии кои агентот ги направил во 2015. година, откако сексуално ја злоставувал својата цимерка.

Leave a comment

error: Content is protected !!