Адреналински зависник- За еден час Лила собра храброст да лета дури два пати

За неа се знае многу, но малкумина знаат дека нашата Лила е зависник од адреналин.

Лила честопати сме ја гледале во различни изданија- како водителка, пејачка, посветена мајка, актерка во реклами… Но, ретко кој претпоставувал дека Лила е огромен љубител на екстремните спортови, како и вечно љубопитен истражувач на непознатото.

Изминатиот викенд реши да го искористи за возбудливо спуштање со параглајдер од Галичица кон Охридското Езеро. Друштво и правеше, познатиот параглејдерист Виктор Боев, еден од најголемите експерти за овој спорт во Македонија.

Виктор ќе остана запаметен и по неговиот легендарен скок од хеликоптер на „Темето на светот“ односно Северниот пол. Затоа и не не чуди дека Лила Филиповска го одбра токму него за нејзиното прво палглајдер искуство во тандем.

„Воопшто не ми беше страв, јас во принцип уживам во екстремни спортови и сум зависник од адреналин. Имав храброст за еден час да се спуштам дури два пати со параглајдер. Секако, нема да застанам само на тоа, наскоро планирам уште едно адреналинско доживување, но за тоа ќе ве известам наскоро“– изјави Лила за Реприза.Мк

Leave a comment

error: Content is protected !!