“Адор Голд” – иновативност, традиционалност и уметност – сместени во златарница во срцето на Скопската чаршија

Има нешто со што “Адор Голд” се издвојува од својата конкуренција – тоа е иновативноста, уметноста и традиционалста – компоненти кои се врежани во секое парче накит кои тие можат да ви го понудат.

Приказната на “Адор Голд” започнува одамна, уште во 1978. година, а бизнисот до ден денес успешно го видат Енди и Елза Аџија. Во 1978. година таткото на Енди Аџија ја основал фирмата, а на својот успеал да му ја пренесе љубовта кон златарството, но и сите занаетчиски тајни.

Енди вели дека од својот татко научил дека секое парче накит има своја убавина и уникатност. Додава дека има чувство дека е роден со овој занает.

Оваа златарница е сместена во срцето на Старата скопска чаршија, а веќе 4 децении покажува дека традиционалноста, иновативноста и уметноста треба да бидат рамномерно застапени.

Елза Аџија вели дека во овој бизнис не може да се следи само еден стил, туку дека треба да се следат и вкусовите на клиентите. Таа додава дека накитот е дел од многу традиции, кои колку и да се стари, сепак се и модерни.

Од оваа златарница купуваат и стари и млади, и домашни и странци. Госпоѓа Елза вели дека за летната сезона поактуелни се помасивните прстени или обетки кои го надополнуваат модниот изглед.

 

Доколку сте пред избор на соодветно парче накит за вашиот важен настан или за секојдневна пригода, трендовски се златнорозовите парчиња накит, комбинациите од три бои на злато, како и предимензионираните, односно, повидливи парчиња накит, додава госпоѓа Елза.

“Ако ги погледнете фотографиите на Лила Филиповска ќе видите колку модерниот накит може да го надополни изгледот на една современа жена”, вели Енди.

Сепак “Адор Голд”, покрај тоа што нуди стилски накит за сите пригоди, може да се пофали и со внесената љубов во неговата изработка.

Семејството Аџија се надева дека овој занает, кој е еден од најстарите и кој опстојува со векови, ќе има убава иднина и кај нас.

Leave a comment

error: Content is protected !!