90 секунди ужас: Бебе се давело во базен, а мајката не забележала бидејќи пишувала на телефонот

Кинеските медиуми пренеле снимка од дете кое се давело во базен на само чекор од мајката која не забележала ништо, бидејќи гледала во телефонот.

Девојчето го славело својот прв роденден и заедно со уште едно дете се наоѓало во базенот. Иако двајцата имале гуми, девојчето се превртело и почнало да се дави.

Момчето се обидело да и помогне, но било потполно немоќно. За тоа време мајката неподвижно стоела покрај базенот, воопшто не сфаќајќи што се случува. Агонијата траела 90 секунди.

Кога конечно видела што се случило, брзо го извлекла бебето и повикала помош. Бебето било еден месец во кома и сега е зависно од апарати за дишење.

Не е познато дали е мајката под истрага.

Leave a comment

error: Content is protected !!