600.000 риби полни со антибиотици слободно пливаат, Чиле предупредува на еколошка катастрофа

Чилеанското министерство за екологија ја обвинило локалната единица на Норвешкото поморско мрестилиште за штетата предизвикана на животната средина откако 600.000 лососи побегнале од еден од нивните рибници минатиот месец.

Министерството навело во соопштението дека барало од Државниот одбранбен совет, кој ја претставува владата во правните прашања, да ги истражи инцидентот и да започне правна постапка против Поморското мрестилиште со цел поправање на еколошката штета.

Во околу 600.000 риби, кои отпливале во дивината минатиот месец откако олуја ја уништила оградата во близина на јужниот град Калбук, вбризган бил нецелосен спектар на антибиотици, поради што не се подобни за човечка консумација.

Во соопштението на Поморското мрестилиште на Чиле се вели дека тие имаат целосна доверба во државните институции дека ќе го истражат инцидентот и ќе ја нормализираат работата.

Чиле е втор светски произведувач на лососи после Норвешка.

Leave a comment

error: Content is protected !!