Десетина луѓе загинале кога одненадеж се урнал мост на автопат кај Џенова, а најновите информации потврдуваат дека 22 лица загинале и дека меѓу нив има и дете.
Досега знаеме дека мостот “Моранди” на автопатот A10 кај Џенова одненадеж се урнал во 11:50 часот по локално време.
Спасувачите велат дека загинале голем број на луѓе, а од италијанското МВР велат дека бројот на загинати е 22. Досега се извлечени 11 тела, меѓу кои и едно дете.
Најмалку 20 автомобили биле уништени во несреќата, а 200 пожарникари учествуваат во акцијата за спасување, пренесуваат италијанските медиуми.
Италијанската агенција “ANSA” јавува дека властите сметаат дека недоволната стабилност на мостот е причина за рушењето.
Корисниците на социјалните мрежи објавиле бројни фотографии и видео снимки од местото на несреќата.
Мостот е проектиран од Рикардо Моранди и изграден е во 1968. година. Се наведува дека тоа е првиот мост во Европа кој е прицврстен со сајли.