16-годишната Сара пријателите ја пронашле мртва на екскурзија! Еве кој бил нејзиниот “убиец”

Училишниот излет завршил со трагедија, кога тинејџерката Сара Манитоски од Канада била пронајдена мртва.

Сара нејзините врсници по враќањето од појадок ја пронашле како лежи на кревет во несвесна состојба. Лежела покрај вклучениот аларм. Болничарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Било откриено дека девојчето починало од синдром на токсичен шок. Тоа било заклучено на основа на симптомите кои Сара ги имала, а на тампонот во нејзиното тело била пронајдена бактеријата “Staphylococcus aureus”.

Оваа бактерија создава отрови кои предизвикуваат грозница, напади и смрт. Најголем ризик е за младите девојки кои уште не создале антитела, но напаѓа и мажи, деца и жени во менопауза.

Друг фактор на ризик се изгорениците и исечениците на кожата, или вирусни инфекции како грип. Оваа состојба е екстремно ретка и во 2016. година биле пријавени само 40 такви случаи во САД:

Жените кои имаат менструација, со често менување на тампоните спречуваат бактеријата да се развие и да предизика токсичен шок.

“Малку се знае за тоа и треба да се доведе во фокусот. Многу непотребна и трагична работа и се случила на толку неверојатно млада личност”, напишала сестрата на Сара, Карли, кон крајот на минатата година.

Leave a comment

error: Content is protected !!