10 најповолни егзотични дестинации за ова лето: Од Кипар, па се до Португалија

На овие дестинации можете да уживате и да не се расфрлате со многу пари.

Листата на најповолни дестинации за летен седумдневен одмор во 2018 година, започнува со Кипар каде што летување со седум ноќевања, превоз и полупансион чини 680 евра. Цените се намалени за 12 %, за разлика од минатата година. По Кипар, следува Португалија каде што треба да издвоите ист износ за идентичен одмор.

Во Египет, поточно во лускузните одмаралишта Хургада и Шарм Ел Шеик може да летувате за 592 евра, вклучувајќи и туристички излети до Каиро и посета на пирамидите. На Крит во Грција, оваа година цените се паднати за околу 13 %, па така летово може да летувате на егзотичниот остров за 591 евро.

Седумдневно летување во Шпанија би ве чинело околу 574 евра по особа, а најевтино одмаралиште е Лорет Дел Мар. Седум „all inclusive” денови на Малта, ќе ве чинат 552 евра, а исто толку ќе ве чини и одмор во Мароко. Таму најповолно е да летувате во Агадир, каде што цените се најниски.

Во Турција, најубави места за летување се Аланија и Анталија, а таму седумдневен аранжман би ве чинел околу 530 евра.  Секако, најевтино место за „all inclusive” патување е Бугарија, каде што може да најдете таков аранжман и за 200 евра.

Најскапа дестинација за ова лето е Дубровник во Хрватска, каде што цените се пораснати за неверојатни 405 %, а седум ноќевања би ве чинеле 726 евра по особа.

 

 

Leave a comment

error: Content is protected !!