Јадењето риба како превенција од Паркинсоновата болест

Исхрана богата со риба би можела да е клучна за превенција од Паркинсоновата болест, според нова студија од технолошкиот универзитет Чалмерс во Шведска.

Парвабулминот, протеин кој во големи количини го има во разни видови риба, би можел да ја сопре дегенеративната болест спречувајќи го формирањето на одредени протеински структури тесно поврзани со неа.

Иако рибата уште одамна се смета за здрава храна благодарејќи на омега-3 и омега-6 масните киселини кои ги содржи и нивните долгорочни позитивни когнитивни ефекти, ова ново истражување дава дополнителна причина за што почесто таа да биде дел од сечија исхрана.

Препознатливиот маркер на Паркинсоновата болест е амилоидната формација на протеинот алфа-синуклеин. Истражувачите откриле дека парвалбуминот формира амилоидни структури кои се комбинираат со алфа-синуклеидни протеини и ги користат за сопствени цели на начин кој ги спречува овие штетни протеини подоцна да формираат потенцијално деструктивни структури.

Рибите кои се најбогати со парвалбумин ги вклучуваат харингата, крапот, лососот и др. Во помали количини го има и кај останатите.

Рибата содржи повеќе хранливи состојки на крајот на летото поради зголемената метаболичка активност, а нивото на парвалбумин е многу поголемо кај рибите доколку биле изложени на сонце, што значи дека е најдобро тие во големи количини да се конзумираат на есен.

Тимот истражувачи сега сака да ги студира ефектите на парвалбуминот и врз останати видови на невродегенеративни болести како Алцхајмеровата, Лу Гериговата и Хантингтоновата кои исто така се предизвикани од одредени амилоидни структури во мозокот.

Leave a comment

error: Content is protected !!