Што правел таткото на детето кое висело од балконот? Поради ова може да заврши во затвор

“Татко е многу вознемирен бидејќи сфаќа што направил и што можело да се случи”.

Истрагата покажала дека таткото на детето, кое било спасено од мигрант од Мали од балконот во Париз, за време на драмата играл “Pokemon Go”.

 

Мигрантот од Мали, Мамуду Гасама, го воодушевил светот, а поради неговиот подвиг претседателот на Франција, Емануел Макрон, на момчето му понудил и државјанство. Од друга страна, таткото на четиригодишното дете бил приведен и би можел да заврши во затвор.

“Таткото го напуштил станот кога се одвивал инцидентот. Отишол до продавница, а потоа одлучил да игра “Pokemon Go” на улица”, рекол обвинителот Франсоа Мулинс.

“Неговото однесување се набљудува како прекршок – поради неисполнување на родителските обврски, за што е можна казна од две години затвор”, додал тој.

Судењето е закажано за септември. Обвинителот објаснил дека прозорецот останал отворен и дека немало заштита на балконот, која можела да го спречи детето да се качи на оградата.

“Татко е многу вознемирен бидејќи сфаќа што направил и што можело да се случи”, рекол обвинителот Молинс.

Leave a comment

error: Content is protected !!