Што направи од себе?! Марија дала брдо пари за пластични операции, а изгледа страшно!

Марија сакала да има усни како Анџелина Џоли, а доколку актерката ја види како изгледа, сигурно би вриснала од шок.

24-годишната танчерка од Канада, по име Марија Магледалена, потрошила повеќе од 150.000 долари на пластични операции кои вклучуваат зголемување на градите, усни како на Анџелина Џоли и бразилски задник, бидејќи, како што вели, изгледала премногу обично.

Марија Маглдалена, која себеси се опишува како “интровертна танерчка”, прво ги зголемила градите, потоа усните, па продолжила понатаму. Вели дека е многу задоволна од својот изглед бидејќи конечно е среќна, но со неа не би се согласиле нејзините фанови.

Марија е дефинитивно зависна од естетски операции, а со толку промени тоа станало многу видливо. Луѓето се обидуваат да докажат дека претходно била многу поубава.

Меѓу коментарите кои секојдневно ги добива, се појавуваат и многу навредливи, но има и такви кои ја бодрат и ја поттикнуваат да продолжи со операциите.

Марија воопшто не се кае што со драстичните операции го променила својот личен опис, а единствен кој се противи на нејзиното бизарно хоби е нејзиниот татко.

Првата операција ја направила на 20 години, а иако веќе на корекции потрошила огромни суми на пари, не планира да застане и вели дека конечно е задоволна со својот изглед.

Leave a comment

error: Content is protected !!