Шилегов бара притвор за скопјанецот кој го демолираше зелениот покрив

„ По направените проценки, ќе се знае колку овој инцидент го уназадил процесот на изградба“ истакна градоначалникот

На кровот од ГТЦ, каде што во тек е изградбата на зелената тераса, ноќеска е уништена опремата и инсталациите.

Откако на својот фејсбук профил, оваа информација скопскиот градоначалник ја сподели со јавноста, денеска на прес конференција соопшти дека сторителот е идентификуван, а градската власт од Јавното обвинителство ќе бара мерка притвор, доколку направената штета се процени на повеќе од 50 просечни плати.

„Време е Јавното Обвинителство да почне да си ја работи работата како што треба, односно да покаже дека ги санкционира уништувачите на јавното добро“, рече Шилегов, при тоа не откривајќи го идентитетот на вандалот.

Уништувањето на инсталациите ќе го пролонгираат и отворањето на зелениот покрив, кое беше планирано за средината на октомври.

„ По направените проценки, ќе се знае колку овој инцидент го уназадил процесот на изградба“ истакна градоначалникот.

На новинарско прашање зошто не интервенирало обезбедувањето на ГТЦ, и зошто воопшто му бил овозможен пристап до терасата, Шилегов одговори дека прекршителот влегол преку неговиот хотел, така што останал незабележан за сите, освен за безбедносните камери.

Leave a comment

error: Content is protected !!