Човекот со чадорот е решение за мистеријата за убиството на Кенеди: Со децении ја мачел полицијата, а токму тој можел да биде клучот во истрагата

И покрај тоа што денот кога бил убиен Џон Кенеди бил сончев и ведар, еден маж се шетал со црн чадор во раката. Токму од таа причина го привлекол вниманието на полицијата и тајните служби.

Човекот со чадорот може да се види многу видеа и фотографии, направени на денот на атентатот.

Интересно е тоа што овој неверојатен детаљ бил забележан неколку децении по атентатот на претседателот на САД. Во едно од видеата, човекот отвора чадор и го крева високо над главата кога лимузината во која се возел претседателот се доближила. Во моментот кога лимузината ја поднамалила брзината, го свртел чадорот во насока на стрелките на часовникот, а тогаш се слушнало пукање и Џон Ф. Кенеди бил мртов.

Други фотографии покажуваат дека по пукањето, човекот со чадорот седел на тротоар покрај знакот за автопатот “Стимонс”.

Потоа станал и тргнал кон местото каде се наоѓал убиецот Ли Харви Освалд. Вистинскиот идентитет на човекот со чадорот никогаш не бил откриен. Неговите потези биле прикажани во документарци кои се занимаваат со теории на заговори.

Теориите велат дека човекот користел чадор за да му сигнализира на атентаторот. Поточно, тој би можел и да му сигнализира на возачот на Кенеди да го забави возилото. Многу од сведоците на атентатот изјавиле дека лимузината на Кенеди застанала на сред улица пред тој да биде убиен.

Друго лице од значење е црн маж кој стои покрај човекот со чадорот. Тој отпоздравил кон претседателот со нацистички поздрав, а потоа комуницирал преку воки-токи.

По откривањето на снимката на човекот со чадорот, Комитетот на Конгресот за истрага на убиства апелирал до јавноста да им достави било каква информација за него. Меѓутоа, минале многу години пред да дознаат кој е тој.

Човек по име Луи Стивен Вит во 1978. година рекол дека тој е човекот од фотографиите. Дури и тврдел дека уште го има истиот чадор. Според зборовите на Вит, чадорот требало да биде своевиден сигнал, но не за убиство.

Вит тврдел дека тој го купил чадорот и го понел со себе само за да го вознемири претседателот. Неколку години претходно, Џозеф Кенеди, таткото на претседателот, го поддржувал британскиот премиер Невил Чембрлејн. Чембрлејн, меѓутоа се обидувал да и се додвори на германската нацистичка партија, а одел и во одморалиштето на Хитлер, за да се обиде да ги намали тензиите меѓу Британија и Германија.

Оние кои му се спротивставувале на Чембрлејн наскоро почнале да се шегуваат на негова сметка, користејќи го неговиот заштитен знак – голем црн чадор. Кога бил изграден Берлинскиот ѕид, група деца во Белата куќа пратиле црн чадор на кој пишувало “Чембрлејн”.

Единствената намера на Вит, како што рекол, била да мавта со црниот чадор со надеж дека Кенеди ќе го види и ќе ја сфати неговата симболика.

Тој тврдел дека еден негов пријател му кажал дека е познато дека црните чадори го иритираат Кенеди поради Чембрлејн. Ниедно официјално обвинение не било изнесено против Вит, но тој сведочел за некој вид вмешаност во убиството.

“Мислам дека ако постои категорија во Гинисовата книга за рекорди за луѓе кои се нашле на погрешно место во погрешно време и прават погрешна работа, јас би бил победник”, рекол тој на сослушувањето.

Убиството на Џон Кенеди и децении подоцна важи за извор на бројни теории на заговор, па многумина сега сметаат дека човекот со чадорот знае многу повеќе од тоа што го кажал.

Leave a comment

error: Content is protected !!