ЦИА правела ужасни експерименти над немоќни луѓе: Биле подложени на страшни тестирања, а не знаеле!

Пациентите во болницата во Монтреал во 50-тите и 60-тите години од минатиот век биле изложени на електрошокови, лекови за спиење и големи дози на LSD. Нивните семејства до ден денес ги трпат последиците од овие страшни експерименти.

Велма Орликов во 1956. година поради депресија се пријавила во психијатриското одделение во Монтреал, а таму три години со прекини била примана и отпуштана. Нејзината состојба наместо да се подобрува, се влошувала, а сите забележале големи промени во нејзиното однесување.

Требало да минат повеќе од 20 години за нејзиниото семејство да добие објаснување, кое било многу почудно од тоа што очекувале. Како што се открило во 1977. година, ЦИА финансирала експерименти за перење на мозокот на институтот во Монтреал, како дел од проектот “MK Ultra”.

Тој период американските разузнавачки служби работеле на тоа да ја разберат манипулацијата на мозоците, откако Американците кои биле заробени во Корејската војна, почнале јавно да го фалат комунизмот, а да ги критикуваат Соединетите Американски Држави.

Поради тоа, во 1957. година го контактирале психијатарот со потекло од Шкотска, Јуен Камерон, кој работел на бришење помнењето и промена на однесувањето кај луѓето. Орликов била една од многуте пациенти кои без да сакаат станале предмет на експериментите во Монтреал.

“Речиси е невозможно да се поверува. Некои од експериментите кои ги спроведувал над пациентите се толку ужасни и неверојатни, што звучат како кошмари”, рекла нејзината внука Сара Ен Џонсон.

Пациентите биле изложени на електрошокови неколку пати дневно, им биле давани апчиња за спиење, а им бил вбризгуван и ЛСД во големи количини. Откако ќе направел да се однесуваат буквално како деца, Камерон ги бомбардирал со информации по 16 часа без престан.

“Не можел да ги натера да слушаат па им вградил слушалки во шлемови за фудбал и им ги ставил на главите. Тие удирале со главите во ѕид, па тој ги воведувал во кома со лекови и им пуштал снимени пораки”, вели Џонсон. Орликов умрела кога Сара имала 13 години.

“Имаше краток фитиљ. Ако некој ја нападнеше или чувствуваше дека нешто не е во ред, едноставно ќе експлодираше. Никогаш не повредуваше никој, но врескаше со часови”, рекла Џонсон.

Слични сцени се одигрувале и во други болници ширум Канада, каде поранешни пациенти од институтот се обидувале да се вратат на своите животи, пишува “Guardian”. Мајката на Алисон Стил, која била примена на институтот во 1957. година, два пати била успивана.

“Велат дека тоа било мачење. Тоа што се обиделе да го направат е да им ги избришат емоциите. Да ги одвојат од своите души”, рекла Стил.

Канадската влада во 1992. година понудила компензација до 100.000 канадски долари за 77 поранешни паценти во институтот кои биле сведени на состојба на деца. Голем број не добиле ништо.

Алисон Стил во 2015. година поднела тужба против владата и минатата година се договорила за 100.000 канадски долари. Договорот е само еден од неколкуте кои се направени во последните години.

Орликова и осум други пациенти во 1980. година ја тужеле ЦИА. Барале по милион долари оштета, но по договорот во 1988. година добиле по околу 80.000.

Leave a comment

error: Content is protected !!