Француската евровизиска песна крие приказна која го расплака светот ( Видео)

Оваа година, на најголемото светско музичко натпреварување- Евровизија, Франција ја преставува екстравагантното дуо- „Madame Monsieur”. Зад нивната песна која е фаворит за победа се крие интересна приказна, која трогна многу евровизиски фанови низ светот.

Песната насловена како „Mercy” на прво слушање делува како типична инди поп песна на француски јазик, но во текстот се крие вистинска приказна за бебето Мерси, родено на еден од бродовите кои превезуваат мигранти. Како што велат и стиховите, бебенцето Мерси е родено додека мајка и била во осмиот месец од бременоста, но се до пред некое време, сите мислеа дека не успеало да преживее. Оттука и инспирацијата на француското дуо, да посветат песна за сите деца мигранти, кои ги загубиле своите животи  патувајќи по морињата во потрага по нов дом.

 

За среќа, оваа приказна не е со тажен крај како што мислевме.

Неодамна, малата Мерси инаку дете на Нигерски мигранти беше пронајдена жива во бегалски камп на островот Сицилија во Италија. Малото девојче има 13 месеци, а во кампот живее заедно со својата мајка Таиво Јусуф. Телевизиска екипа ги посети Таиво и Мерси, а мајката не ги криеше солзите кога ја слушна песната посветена за нејзината ќерка која се роди на брод полн со мигранти.

 

„Madame Monsieur”, заедно со Таиво се надеваат дека оваа песна ќе допре до сите хумани срца во светот и дека ќе се соберат доволно средства, за малата Мерси да има поубав живот каков што заслужува секое дете.

Leave a comment

error: Content is protected !!