Формула за иднината: Научниците развија батерија која се темели на вода!

Научниците употребиле малку сол, малку вода, електрода и се добива електрична енергија. Ова навистина делува како формула за иднината…

 

Научниците ширум светот со години бараат начини да направат батерија која ќе биде еколошки прифатлива, ќе има голем капацитет, долг животен век, бавно ќе се празни, а брзо ќе се полни. И, вистински “плус” ќе биде ако има мали димензии.

 

Научниците од универзитетот “Стенфорд” објавиле дека направиле токму таква батерија – еколошки прифатлива, бидејќи се темели на вода, а се полни од обновливи извори како ветер или сонце. Плус, батеријата е поевтина од останатите…

 

Тие објавиле и дека направиле прототип на батерија која е висока само 8 сантиметри, и може да произведе 20 миливат-часови енергија.

Таа енергија не може да наполни ни рачен часовник, но научниците се убедени дека сега може да развијат батерија кога ќе ги задоволува секојдневните потреби.

 

“„Ставивме посебна сол во вода, ја ставивме електродата и создадовме хемиска реакција која што на крајот произведува електрична енергија“, изјави Ји Чуи, професор на Универзитетот „Стенфорд“.

 

Една од поголемите предности е тоа што оваа батерија ќе биде поевтина од останатите. Сепак, за да може воопшто да се разговара за еколошки прифатливи батерии, научниците ќе мора да направат една со многу поголем капацитет.

Leave a comment

error: Content is protected !!