Финансиската полиција влегла и во куќата на Јакимовски во Жданец

По претресот во домот поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, полицијата влегла и во неговата куќа во Жданец, пишува Makfax.

Финансиската полиција попладнево истражувала злоупотреби на Јакимовски околу три тендери, од кои два за општинските бараки, а еден за плоштад во Жданец.

Поранешниот градоначалник вели дека обвиненијата не може да бидат насочени против него, бидејќи работите за кои го сомничат ги вршат општинските служби.

Според Makfax на претресите бил присутен и адвокатот на поранешниот градоначалник, Виктор Цветковски.

фото: МАКФАКС

Leave a comment

error: Content is protected !!