Ужасно злосторство во Италија: Отруено кучето кое спасуваше луѓе!

Труењето на кучето кое ги спасувало преживеаните во земјотресот во Италија, предизвика повици за построги казни против сторителите на ова дело.

Сопственикот на германскиот овчар Каос, во неделата соопштил дека неговото куче било отруено во градината. Полицијата го истражува овој случај.

Каос помагал во потрагата по преживеаните во градот Аматриче по земјотресот во 2016. година и учествувал во други потраги по исчезнатите лица.

Италијанската политичарка Микела Брамбила изјавила дека се надева дека смртта на Каос ќе помогне во усвојување на законот кој таа го предложила кон почетокот на оваа година.

“Смртта на Каос ја допре свеста на италијанскиот народ”, додала Брамбила.

Освен Микела, уште тројца италијански министри повикале на сузбивање на труењето на кучињата кое инаку е честа појава во Италија.

Leave a comment

error: Content is protected !!