Тука можат да летуваат малкумина: На овој остров има само една вила

За сите оние кои сакаат и имаат можност да летуваат во вистинска смисла на зборот, ви претставуваме егзотична вила на приватниот остров Гледен, која е воедно и единствена градба на овој приватен остров.

Островот Гледен лежи точно на работ на најширокиот дел на коралниот гребен Белизе во Карипското море.

Се наоѓа на точно 32 километри од Плаценција – едно од најомилените туристички места кое е познато по мирната и кристално чистата вода.

Престојот во оваа вила која се простира на 280 квадратни метри изнесува 2200 долари за една вечер, а причината за ваквата висока цена е луксузот кој го добивате со удобниот мебел, неверојатните базени и пространите соби, окупирани со природна светлина.

Оваа дестинација е идеална за оние кои сакаат стопроцентна приватност – покрај тоа што куќата е сместена на мал приватен остров, до кој може да се стигне само со брод, таа е обиколена и со густо зеленило кое дополнително ја крие од останатите предели.

Leave a comment

error: Content is protected !!