Страшна мистерија веќе 10 години ја мачи Канада: Од време на време, на брегот ќе се појави ново човечко стапало!

Уште од 2007. година, Британска Колумбија се среќава со малку необјасниви појави. Во одредени периоди на брегот ќе испливаат човечки стапала со чевли. Последен пат тоа се случило овој викенд.

На островот Габриола, на кој живеат околу 4.000 луѓе, еден човек додека се шетал пронашол стапало во патика. Досега на брегот на Британска Колумбија се пронајдени 14 стапала.

За нив постојат различни теории. Некои велат дека станува збор за жртви на цунами, некои дека станува збор за трговија со луѓе, а некои пак се сомневаат дека во морето ги фрла сериски убиец.

Форензичарите пак велат дека станува збор за самоубиства или несреќи.

Енди Вотсон, портпарол на одделението за судска медицина при Универзитетот во Британска Колумбија, вели дека успеале да идентификуваат девет стапала.

Повеќето пронајдени стапала биле машки. Девет од нив биле десни, три биле со големина 45,5. Едно стапало кое било пронајдено во 2012. година му припаѓало на маж кој се удавил пред 25 години за време на риболов.

“Ние можеме точно да одредиме дали стапалото му припаѓало на човек кој се удавил, дали некој намерно го одвоил стапалото од телото или тоа самото се одвоило на природен начин”, вели Вотсон.

Со оглед на тоа дека морските струи во тоа место се многу јаки, можно е некои стапала да дошле од Алјаска. За теоретичарите на заговор тие објаснувања не се прифатливи и веруваат дека постојат некои други.

Leave a comment

error: Content is protected !!