Службите не мируваат – Вучиќ тврди колку што јас знам ќе има уште изненадувања

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград одржа прес-конференција на која зборуваше за политичката ситуација во државата, но доби и новинарско прашање за случајот „Рекет“ кој ја тресе македонската политичка сцена.

На прашањето за аферата за рекетирање во Северна Македонија, српскиот претседател истакна дека не сака да се меша во внатрешните прашања на други држави, но даде краток коментар, пренесува „Блиц“.

„Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица“, кратко одговори Вучиќ.

Leave a comment

error: Content is protected !!