Се збогатил од биткоини, па трошел по 7 милиони долари месечно: Метју Нилон починал ден пред да оди на клиника за одвикнување

Милијардерот бил пронајден мртов на 16. април во својата хотелска соба во Мексико, и тоа на денот кога требало да се пријави на клиника за одвикнување. 54-годишниот милијардер голем дел од својот живот се борел да ја надмине зависноста од наркотици.

Во Мексико требало да ја посети клинката “Clear Sky Recovery”, специјилазирана за борба со зависноста од дрога.

“Требаше да се пријави во 9 наутро, но во тоа време забележавме дека веќе починал”, рекол Алберто Сола, директор на клиниката. Од друга страна, семејниот портпарол на Мелон рекол дека милијардерот престанал да се дрогира пред три месеци, а во центарот за рехабилитација заминал за контролен третман. “Clear Sky Recovery” е инаку клиника специјализирана за рехабилитација на зависници од Ибогаин, халуциногена супстанца која се користи во борбата против зависност. На овој чекор, односно да оди на рехабилитација, го убедила неговата девојка Кик Кенеди.

 

Мелон е роден во Њујорк во едно од најстарите банкарски семејства. На 21 година добил наследство од 25 милиони долари. Кога го завршил образованието, остварил завидна кариера во модната индустрија, телекомуникациите и финансиите. Одреден период бил и претседател на финансискиот одбор на Републиканската партија во Њујорк.

Своето богатство значително го зголемил со влегувањето во бизнисот со криптовалути, со купување и продажба на биткоини. Во јули 2015. година станал глобален амбасадор на “Ripple Labs” и инвестирал 2 милиони долари во криптовалутата “XRP”, инвестиција која на подоцна му донела милијарди.

По неговата смрт, семејството се обидува да влезе во трага на неговото богатство, кое по се изгледа исчезнало. “Нешто чудно се случило со парите од криптовалутите, бидејќи неговото семејство не може да ги најде”, рекол семеен пријател на Мелон.

Извори блиски до семејството велат дека Мелон последните месеци од својот живот трошел по седум милиони долари месечно и дека неговите лични банкари го молеле да ги намали тие трошоци за 5 милиони.

 

Добар дел од богатството потрошил на наркотици, но и на одвикнување од иститите. Зависноста на Мелон од кокаинот прераснала во зависност од Оксиконтин. Во 2016. година консумирал по 80 таблети дневно, а за тоа трошел по 100.000 долари месечно. Мелон за своите проблеми со опијатите ги обвинувал докторите, за кои влеле дека му препишувале таблети како да се работи за бонбони.

Мелон својата прва сопруга Тамара Мелон ја запознал на собир за лечење на зависници во 1998. година. Се венчале во 2000. година, а од бракот ја добиле ќерката Араминта Мелон. Се развеле во 2005. година.

Својата втора сопруга, Никол Ханли, ја запознал во 2006. година, а се венчале две години подоцна. Во бракот добиле две деца. Се разделиле во 2016. година, а Мелон последните месеци од животот се гледал со Кик Кенеди, ќерка на Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Leave a comment

error: Content is protected !!