СДСМ: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е вистинските криминалци да ги претстави како жртви

ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопа правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО и дека нема да станеме членка на ЕУ, велат од владејачката партија во врска со аферата „Рекет“.

Според СДСМ, целта на опозициската партија е да ги спаси вистинските криминалци и да ги претстави како жртви.

„Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Орце, Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека објавените снимки потврдуваат оти премиерот Заев нема никаква вмешаност во случајот.

„Сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчисти случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата“, велат од СДСМ.

Од партијата порачуваат и дека нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите кои се водат против, како што се вели, криминалите на режимот и нивните тајкуни.

Leave a comment

error: Content is protected !!