Рускоска го сослуша и обвинителот Рустеми за случајот „Рекет“

Обвинителката Вилма Рускоска го сослуша и специјалниот обвинител Бурим Рустеми за случајот „Рекет“. Кажал се што бил прашан како сведок. Обвинителството за организиран криминал се интересирало за истрагата на Рустеми за „Поштенска банка“,  случај што се поврзува со „Рекет“.

„Ги дадов сите информации што им беа потребни, ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, рече обвинителот Бурим Рустеми.

Инаку, вчера во СЈО стиганала покана за Јанева да се појави кај Рускоска. Во вторник Јанева ќе даде исказ за „Рекет“. Пред неа искази веќе дадоа обвнителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова како и Бурим Рустеми. Засега во „Рекет“ осомничени се само, Боки 13 и Зоки Кичеец.

Leave a comment

error: Content is protected !!