Прв пат објавена снимка: На што наишле полицајците кога упаднале во хотелската соба на масовниот убиец од Лас Вегас?!

Полицијата конечно ја објавила снимката од хотелската соба на 62-годишниот Стивен Падок, пензионираниот сметководител и убиец кој на 1. октомври минатата година од прозор пукал по луѓето кои биле дел од музички фестивал, и притоа убил 58, ранил повеќе од 500 лица, а потоа си пресудил самиот…

На снимката се гледа како специјалците ја пробиваат вратата и влетуваат во собата на 32. кат во хотелот “Mandalay bay”, од каде Падок пукал во 22.000 посетители на музичкиот фестивал во Лас Вегас.

Специјалците во собата го пронашле мртвиот Падок и убаво се слуша како еден од нив кажува “на под е 413”, што е код шифра за “вооружено лице”.

Полицајците на повеќе места пронашле и камери, кои изгледаат како да се насочени кон ходникот и поврзани со околните соби. Затоа специјалците веднаш ги прегледале сите околни соби, додека надвор владеела огромна паника поради пукањето.

Шерифот на полицијата во Лас Вегас, Џо Ломбардо, најавил дека ќе бидат објавени и снимки упатени до итната служба 911.

Leave a comment

error: Content is protected !!