После 40, би требало да работите по пет часа дневно!

Ако ви се случува секој понеделник да ви почне со нов циклус на мачно размислување за тоа како да истуркате уште една работна недела и ако ви се чини дека викендот е далеку, а претходниот брзо заврши тогаш тоа е знак дека вашата работа претерено ве исцрпува. Сето тоа додатно се влошува кај луѓето во средни години.

Едно истражување, покажало дека бројот на работни часови до 25 неделно би било оптимално работно време за квалитетно физичко и ментално функционирање на вработените помеѓу 40 и 50 години. Кај вработените чија работна недела трае помеѓу 50 и 55 работни часови, доаѓа до хроничен замор и пад на концентрацијата, а тоа посебно се приметува кај личностите постари од 50 години. Оние пак кои што работеле по 25 часови неделно, имале подобрување во когнитивното функционирање, имале подобро памтење, поголема способност за донесување заклучоци и подобри специфични вештини.

Помалиот број на работни часови неделно е потребен за луѓето во средните години да ја задржат својата виталност, когнитивните способности и мотивацијата. Меѓутоа преоптоварувањето доведува до стрес, хроничен замор, опаѓање на концентрацијата, послабо памтење, како и до влошување на здравствената состојба и губење на енергијата. На овој начин работодавците ризикуваат да го изгубат професионалното знаење и искуство на вработените во средни години, доколку не им се овозможи квалитетен баланс помеѓу оптималниот број на работни часови годишно и слободното време неопходно за одмор и разни активности после работа.

За жал ретки се европските земји кои се подготвени да ги прифатат овие новитети, а кај нас ситуацијата е уште полоша- статистиките велат дека луѓето во овие години се најзлоупотребувани од страна на работодавците и за многу малку пари работат и по 60 часа неделно, постојано во состојба на стрес и под притисок.

Leave a comment

error: Content is protected !!