Покривот го демолирал газда на хотел во ГТЦ бидејќи не му дале тераса за кафеана

Вработени во ГТЦ велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот кој е сопственик на хотел и барал од нив градината која ја прават да ја користи како тераса за неговит објект.(Фото: Принтскрин од безбедносни камери)

Лицето кое синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот. Вработени во ГТЦ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот.

„Сопственик на хотел е лицето кое кршеше и уништуваше инсталации. Со ова лице извесно време имаме проблеми. Бараше од нас да му дозволиме градината која ја правиме да ја користи како тераса за неговиот објект. Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во трговскиот центар.

Од ГТЦ велат дека снимките од безбедносните камери ќе се предадат на Министерството за внатрешни работи.

Од Град Скопје велат дека и покрај уништувањето на дел од инсталациите, градежните работи ќе продолжат и скопјани есенва ќе добијат зелен покрив на трговскиот центар.

Leave a comment

error: Content is protected !!