Партија на пензионери: Пендаровски покажа дека е Претседател на сите граѓани

Партијата на пензионери, се огласи со поддршка на ставот на претседателот на Северна Република Македонија, Стево Пендаровски дека нема правна држава ако се гонат само криминалци од претходната власт, односно ако правдата се спроведува селективно.

-Со тоа што Пендаровски побара сите споменати во аферата да дадат самоиницијативно изјави пред органите на прогонот,тој покажа дека е претседател на сите граѓани. Неговата изјава ја оценуваме како коректна, државничка и неоптоварена со политички квалификации, се вели во писменото соопштение.

Партијата на пензионери смета дека Пендаровски, со својата изјава, ќе ја врати вербата на нацијата дека остануваме на евро-атланскиот пат, но ќе придонесе и за зачувување на довербата на меѓународната заедница, дека можеме да гарантираме правна држава е подеднакво владеење на правото.

-Пендаровски испрати позитивна порака кон меѓународната заедница, во време кога очекуваме и официјално да станеме 30-та членка на НАТО и да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ. Со тоа што се спротивстави на релативизирањето на големата афера, претседателот Пендаровски, застана на страната на целокупната јавност во земјата, која очекува брза разрешница, неселективна правда, еднаков аршин за сите инволвирани, без разлика на нивната партиска определба и позоиционираност во општеството – се додава во писменото соопштение на Партијата на пензионери.

Од таму додаваат дека го поддржуваат и залагањето на претседателот Пендаровски, на наредните парламентарни избори да се гласа по нова регулатива, со една изборна единица и отворени листи.

Leave a comment

error: Content is protected !!