Одбиен предлогот за изземање на Јанева, се злоупотребува правото на одбрана, тврди Судот

Судот смета дека адвокатот Еленко Миланов го злоупотребил правото на одбрана и поднел неосновано барање за иземање на специјалната јавна обвинтиелак Катица Јанева. Ова го соопшти судијката Марија Клетничка отфрлајќи го барањето на адвокатот на осомничените од „Титаник 3“ Еленко Миланов. За неговото барање, судијката најави дека ќе ја извести и Адвокатската комора.

Миланов бара иземање на Јанева, но и на обвинителите од СЈО кои го водат предметот „Титаник“ Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, поради, како што наведе тој утринава нивните меѓусебни конфронтации во изминатите денови.

Барањата на Миланов влијае на одложувањето на денешното рочиште. По првата 40-минутна пауза, судијката соопшти дека за изземање на Фетаи и Бубевски треба да реши Јанева, по што даде нова пауза до 14 часот за во меѓувреме да и ја испрати снимката од денешното рочиште на Јанева која ќе треба да одлучи за барањето на одбраната.

Судењето за „Титаник 3″ е во самата завршница, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Извор: 360степени

Leave a comment

error: Content is protected !!