Овој лек ќе ви помогне за болките во зглобовите, а многу е едноставен за подготвка!

Голем број на луѓе, посебно постарите, се соочени со болки во зглобовите. Болките може да бидат силни до тој степен што некои луѓе не можат ни да извршуваат ни основни работи, а некои дури и не можат да станат од кревет.

Токму од таа причина пронајдовме еден неверојатно едноставен лек кој што ќе ви помогне во борбата со болката во зглобовите. Луѓето кои го тестирале овој лек велат дека веднаш почувствувале подобрување, а веќе по 10-тина дена можеле повторно да застанат на нозе. Рецептот е едноставен, а потребни ви се само модар домат и еден литар вода.

Модриот домат најпрво ќе го излупите, а потоа ќе го исечете на кругови. Во тенџере ставете вода и оставете ја да зоврие. Во зовриената вода додадете го модриот домат. Смесата ќе ја варите околу 20-тина минути, а потоа оставете ја да се олади. Оладениот лек раздвојте го на два дела, така што 750 милилитри ќе истурите во стаклена флаша која ќе ја ставите во фрижидер.

Секој ден наутро пијте по 250 милилитри од напитокот, а истата количина пијте ја пред да ручате или да вечерате.

Остатокот од 250 милилитри, кои претходно сте ги издвоиле измешајте ги со 50 милилитри маслиново масло, а потоа смесата користете ја за облоги и масажа на деловите од телото каде што чувствувате болка.

Leave a comment

error: Content is protected !!