Обвинителот Рустеми денеска ќе дава исказ за „Рекет“

Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”.

Рустеми требаше да сведочи вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ”, каде Рустеми се јавува како застапник на обвинението.

Во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“ веќе сведочеа од специјалните обвинителки Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, а за во вторник покана добила и шефицата на СЈО Катица Канева.

Leave a comment

error: Content is protected !!