Ново крвопролевање во Канада: Четворица убиени во Фредериктон! Уапсен напаѓачот кој пукал по улица

Најмалку четири лица биле убиени во Фредериктон, град на југоистокот на Канада и главен град на канадската провинција Њу Брансвик.

Полицијата на Фредерктон соопштила дека уапсила еден осомничен напаѓач и дека започнала истрага во областа околу булеварот Бруксајд, каде дошло до пукањето.

Кога станува збор за жртвите, медиумите јавуваат дека загинале четири лица,, а полицијата јавила дека засега може да потврди “повеќекратни фатални жртви”.

Првото пукање одекнало нешто по 7:00 часот по локално време.

Еден жител на Фредриктон преку телефон се јавил во CBC и раскажал дека слуша пукање.

“Еден по друг истрел, тоа веројатно беше автомат”, рекол тој.

До граѓаните се апелирало да се заклучат дома и да ја избегнуваат областа околу Булевар Брусајд.

Инаку, Фредериктон е 80-тина километри источно од американската граница. Њу Брансвик се граничи со американската сојузна држава Мејн.

Потсетуваме, минатиот месец, во Торонто вооружен напаѓач убил две лица и ранил 13, а потоа си пресудил самиот.

Leave a comment

error: Content is protected !!