Најелитниот дел од Скопје – еве каде живее Боки 13 (ФОТО)

Аферата „Рекет“ ја бранува јавноста, но и социјалните мрежи. Вистинско „цунами“ од твитови, постови, коментари, монтажи, фотографии… се случува Фејсбук, Твитер и Инстаграм…

Тие и понатаму се преплавени со актерите во ферата, оние што се знааат, само насетуваат или се претпоставува и шпекулира дека допрва ќе бидат откриени!

Сега на сите им е добро позната локацијата на Боки 13, односно затворот во Шутка каде останува откако вчера му беше продолжен притворот за нови 30 дена.

Пред да одекне оваа „бомба“ во јавноста, Боки на големо уживаше во раскошот во комплетна смисла. Неговиот дом се наоѓа во најелитниот комплекс во скопско Волково каде живее македонската елита.

Боки не криеше да покаже дека се’ што има во огромниот стан е скапоцено до најситен детаљ. Во една прилика на една од фотографиите каде позира во дневниот салон напиша:

-Стилот ви го покажува карактерот…За добар стил не ви се потребни пари, туку умеење и став, го пишуваше Боки рецептот.

Извор: Вистина

Leave a comment

error: Content is protected !!