Најголеми грешки кои се прават при обидот за здраво хранење

Без разлика колку здраво се хранат и колку често вежбаат, полно луѓе ги прават истите грешки кога станува збор за здравата исхрана.

1) „Чиста“ исхрана преку неделата и прејадување за време на викендите

Многумина кои внимаваат на начинот на исхрана се хранат здраво во текот на неделата, но за време на викендите се прејадуваат (и препиваат) со што ги надокнадуваат сите калории кои ги избегнувале преку целата недела.

2) Јадење на истата храна

Кога се обидуваме да јадеме здраво, лесно се паѓа во стапицата постојано да јадеме едно исто, односно храна која сметаме дека е „безбедна“ како што се стековите, брокулата и слатките компири.

Лишувањето од разноликата храна води до досада и евентуално прејадување кога ќе ни дојде до рака нешто што одамна не сме го јаделе.

3) Мислењето дека може да ги „извежбате“ калориите

Тврдењето дека не можете да ја „надвежбате“ лошата исхрана е точно.

Многумина сметаат дека доколку вежбаат можат да јадат сè што ќе посакаат без никакви последици, бидејќи калориите ќе ги согорат со вежбањето – што е неточно. Неквалитетната исхрана (како пржената храна, газираните пијалаци и сл.) ќе имаат негативни последици на вашето тело без разлика колку вежбате.

4) Ставање премногу прелив на салатите

Полно преливи за салати се исклучително калорични и можат да додадат и до 500 калории во салатата, правејќи ја премногу масен (а не здрав) оброк.

5) Исфрлање на јаглехидратите од исхраната и јадење само протеин и маснотии

Кога луѓето сакаат да ослабат или јадат здраво, често пати мислат дека треба комплетно да ги исфрлат јаглехидратите од исхраната. Но, по неколку дена, нивото на шеќерот во крвта паѓа што доведува до желба за прејадување со храна која ги содржи. Тие не дебелеат, туку прегладнувањето кое доведува до прејадување.

Наместо нивно комплетно исфрлање од исхраната, докторите препорачуваат да се јадат јаглехидрати со поголеми хранливи вредности како кафениот ориз, киноата, слатките компири, овошје и сл.

6) Не сметање на алкохолот за храна

Пиењето премногу калории е честа грешка која ја прават луѓето кои инаку се хранат здраво.

Тие забораваат дека пивото, виното и разните коктели содржат многу калории, и значителни количини на шеќер.

Leave a comment

error: Content is protected !!