Мицкоски призна: Се имам сретнато со лица вклучени во случајот Рекет

„Да, сум се видел и со останатите кои се дел од оваа афера, но доколку имаат каков било доказ кој што ќе значи мое инкриминирање, охрабрувам уште денеска, веднаш да го објават“, кажа Мицковски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање потврди дека се сретнал со лицата вклучените во случајот „Рекет“. Во случајот „Рекет“ осомничени се директорот на 1ТВ Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец кои се во притвор, а жртва-сведок е бизнисменот Орце Камчев.

„На првосомничениот Боки 13 лично го честитав роденденот, од почит кон медиумите и кон таа телевизија на која тој беше сопственик. Да, сум се видел и со останатите кои се дел од оваа афера, но доколку имаат каков било доказ кој што ќе значи мое инкриминирање, охрабрувам уште денеска, веднаш да го објават“, кажа Мицкоски.

Leave a comment

error: Content is protected !!