Министерот Спасовски со жесток одговор – Да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата“

Моралните, етички вредности на еден човек не ги прават функциите туку напротив тие вредности

мора да се преточат во раководењето со одредена институција, изјави министерот за внатрешни

работи, Оливер Спасовски и побара итна и темелна истрага за Рекет.

,,Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил

инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците.

Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и

корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги

години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за

напредок на државата“-рече Спасовски.

Leave a comment

error: Content is protected !!