Министерот за Здравство Венко Филипче ги повикува ВМРО-ДМПНЕ да учествуваат во работните тела за изградба на новиот Клинички Центар

Министерот за здравство, Венко Филипче упати отворен повик до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со своите експерти и кадровски капацитети да се вклучат и да учествуваат во сите работни тела во проектот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје.

Повикот за транспарентност има за цел да им покаже на сите дека се е јавно и дека вистински интерес се токму граѓаните и создавање функционален клинички центар за нивните потреби, соопштува министерството за здравство.

„Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи.“ – вели министерот Филипче во својот јавен повик.

Leave a comment

error: Content is protected !!