Рамниот стомак и силните мускули не се само естетска категорија, туку и одраз на вашето здравје.
До овој идеал не можете да дојдете само со правилна исхрана. Потребно е многу повеќе, а ова се најдобрите совети од експертите.
Правилно држење
Исправете се, нека ви бидат рамениците на ниво со главата и вовлечете го стомакот. Можеби на почетокот ќе ви биде неприродно, но набрзо ваквата положба ќе ви стане нормална.
Вежбајте ги сите мускули
Немојте да ги занемарите останатите групи на мускули и да правите само стомачни. Пилатесот е совршен начин да имате рамен стомак, а останатите мускули ви се потребни поради правилното држење и виткиот изглед. Исфрлете ја брзата храна, јадете помалку, движете се повеќе и нездравата храна заменете ја со здрава. Ова е универзално правило за здрав живот.
Поставете си реални цели
“Поставете си реални цели со кои ќе бидете задоволни”, советува нутриционистот и тренер Луис Паркер.
Бидете истрајни
“За добри резултати е потребно време. Немојте да очекувате дека ќе имате “Арматура на стомакот” ако секој ден правите по сто стомачни, а не ја промените исхраната”, додава Паркер.