Македонските туристи не се плашат да патуваат? – Албанија „и ги зема“ македонските туристи на Грција

Ако до пред пандемијата Грција беше најатрактивна дестинација за патување за Македонците, од минатото лето почна да се менува трендот. Според туристичките работници и ова лето Албанија ќе биде хит дестинација за одмор. За тоа има повеќе причини: од условите за влез во земјата, ефтините арамжмани и цени во рестораните до прекрасната природа на Јонското крајбрежје од која биле воодушевени туристите според кажувањата на туристичките работници.

Македонските туристи не се плашат да патуваат? – Албанија „и ги зема“ македонските туристи на Грција

Македонските туристи не се плашат да патуваат? – Албанија „и ги зема“ македонските туристи на Грција

„Најбарана и посетена е Албанија по број на туристи, Минатата година најмногу отпатуваа таму. 70% пак ќе одат таму поради понудата што  ја добија. Ако гледаме на цени во Албанија може да си сместен во апартман сите три оброци појадок, ручек , вечера ги имаш во ресторан и пак поефтино поминуваш отколку во Грција“, истакна Аркан Керим.

Ги негираат шпекулациите дека при влез во Грција треба да се напише во порака каде ќе се престојува и кои плажи ќе се посетуваат, ниту пак се плаќа дополнително за одржување по Ковид стандарди, а цените се непроменети. Маски се носат на отворено, но не и на плажа.

„Има некое пренасочување, Грција беше дестинација број еден без конкуренција за македонските граѓани, оваа година многу повеќе се одлучуваат за оние дестинации каде не е потребен ПСР тест  Црна Гра и Албанија, а доста има што се одлучуваат за Турција како нивемн избор за ова лето“, посочи Ана Марија.

Oва лето ќе биде прималиво за патување за македонските туристи во Турција вели Аркан Керим, бидејќи ќе биде ефтина дестинација поради тоа што руските туристи не патуваат во Турција. Па, вели тој ќе има екстремно ниски цени по 300-400 евра за седумдневен арамнжман  со се вклучено. Но, она што  му смета на туризмот е полицискиот час, особено на оние кои уживаат во ноќниот забавен живот. Од споменатите дестинации во Грција нема, но во Албанија и Турција им аполициски и се очекува со олабавувањ на мерките да би укинат.

Извор/фото:mk.tv21.tv/

Leave a comment

error: Content is protected !!