Луѓето родени во декември живеат подолго и се пофини од другите

Ако сте родени во декември, сигурно знаете колку е тешко да ги соберете сите за роденденска забава (особено во последната недела од месецот) и сите се возбудени за Нова година, па вашиот роденден некако поминува без многу спектакл.

Да не спомнуваме дека луѓето си мислат дека може да си поминат со еден подарок за роденденот и за Нова година. (Не може!)

Неколку научни и исто толку забавни истражувања покажуваат дека ако имате роденден во декември, имате повеќе од една причина за славење.

Најдобрата е – луѓето родени во декември се подолговечни.

Според истражување објавено во журналот Journal of Ageing Research, луѓето родени во декември имаат најголеми шанси да живеат подолго од 101 година.

А тоа значи – повеќе родендени!

Исто така, роденденците во декември се пофини луѓе. Истражување спроведено на студенти во САД покажа дека оние родени во декември помалку се жалаат од другите луѓе и се помалку подложни на нагли промени на расположението.

Родените во декември се поздрави.

Истражување спроведено на 1.749.400 луѓе од САД покажа дека декемвриските бебиња имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести.

Главниот истражувач рече дека овие резултати се должат на „сезонска варијација“.

Интересен податок е дека ако сте родени во декември, најверојатно ви е судено да бидете стоматолог по професија.

Едно истражување во Бирото за државна статистика на САД покажа статистичка поврзаност меѓу месецот на раѓање и одредени професии – родените во декември најчесто избираат професија во стоматологијата.

Ако сте родени во декември, голема е веројатноста да ве бива за спортови. Некои експерти тоа го поврзуваат со нивото на витамин Д бидејќи мајките биле повеќе изложени на сонце за време на бременоста во летните месеци.

Дополнителна занимливост е дека декемвриските роденденци најчесто се ранобудни луѓе.

Leave a comment

error: Content is protected !!