Листа на дестинации за избегнување: Туристите ги бирале најнепосакуваните земји – и две од нив се во нашиот регион

Според анкетата која била спроведена на популарната веб страна “Reddit”, а на тема земји во кои корисниците патувале и повеќе никогаш не би се вратиле, или земји во кои никогаш не би отишле, била направена листа на држави кои се “добри за избегнување”.

Анкетираните корисници имале повеќе понудени категории, како сексизам, расизам, криминал, па дури и подрачја кои премногу се завртени кон туристите, и на таа основа ги оценувале земјите.

Еве зошто корисниците на “Reddit” оцениле некои земји како непосакувани за својот следен печат во пасошот:

На листата земји кои не им се допаѓаат многу на туристите, се наоѓаат Албанија, Малезија, Мавританија, Соломонските острови, Бахамите, Тунис, Тајланд и Виетнам.

Мексико и Белизе се на врвот на листата земји кои туристите ги избегнуваат поради големиот број на просјаци на улиците.

Иако се богати со природни убавини, земјите како Франција, Финска, Луксембург и Словачка, туристите ги избегнуваат од причина што се – здодевни.

Кога станува збор за земјите кои ги плашат туристите поради големата стапка на криминал и банди, на листата се нашле Хрватска, Хондурас, Сомалија и Венецуела.

Валканите улици и големите количини на ѓубре ги одбиваат луѓето од Куба, Русија, Индија, Индонезија и Филипините.

Високите цени се главната причина што туристите избегнуваат да одат во Данска, Норвешка и Словенија.

Непристојноста е главна причина поради која луѓето избегнуваат да одат во Чешка, Грција, Романија, Саудиска Арабија, Швајцарија и Турција.

Нападните мажи се причината поради која се препорачува да се избегнуваат Египет, Мароко и Свазиленд.

Камбоџа не им е интересна на луѓето од причина што и не е дефиниција за изградена и модерна држава.

Поради скратените патишта и чудните тоалети, Кина се нашла на листата како непосакувана дестинација за патување.

Канада не е омилена меѓу љубителите на забави и топлото време.

Како што се претпоставува, поради воената состојба која владее на нивната територија, Ирак, Сирија, Јемен и Авганистан исто така се непосакувани дестинации.

Leave a comment

error: Content is protected !!