Кој е Чичо ?! Одекнаа нови прислушкувани разговори….

Денеска на интернет  се објавени четири телефонски прислушувани разговори. Објавени се од  извесен „Илија громовник“, а разговорите се објавени на мрежата Vk.com .

Во првиот разговор се слуша гласот за кој пишува дека е на поранешниот претседател Бранко Црвенковски како разговара со соговорничка за извесен „Дамјан на Рада“. Видеото е со наслов „Црвенковски ги објаснува грчките фирми на Манчевски“.

Во вториот разговор се слушаат гласовите за кои пишува дека се на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу како разговараат за процесот на лустрација.

Третиот разговор носи наслов „Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата“.

Во последниот објавен разговор се слушаат, како што пишува, гласовите на сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како се координираат како да настапат пред медиумите.

Специјалното јавно обвинителство пвеќепати апелираше сите граѓани што имаат какви било информации да пријават во Обвинителството.

СЈО, во изјава за ТВ 24 гарантираат дека од кај нив нема протечено ниту еден материјал и најавија проверка на тоа дали ги поседуваат овие разговори.

Според содржината на објавените разговори станува збор за досега необјавен материјал.

  • Црвенковски ги објаснува ГРЧКИТЕ фирми на Манчевски

  • Местење на гласање во комисија за ЛУСТРАЦИЈА

  • Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата

  • Горде и Оливер

 

Leave a comment

error: Content is protected !!