Костадин Костадиновски: Мицковски е длабоко фрустриран

Обидот за моја лична дискредитација од страна на Мицкоски е израз на длабока фрустрација, сплет на комплекси, безидејност, идеолошко талкање…

Ќе повторам, нема да ме спречите, оти чиста ми е совеста.
Нема да дозволам мене или било кој друг граѓанин да биде заплашен од криминална структура, која е сосема свесна за одговорноста која ги чека.

Затоа е стравот и паниката !

Мицкоски должи одговори не пред мене ами пред граѓаните.

Дали на јахтата на тајкунот било и лицето нему многу добро познато со иницијали Т.Ј. и заедно договарале како да ги проследат разговорите до италијанскиот новинар ?

Дали во фирмите на тајкунот има вработено стотина луѓе а всушност работат низ штабод на ДПМНЕ ?

Дали Мицкоски редовно се среќава со едно женско лице од фирмата на тајкунот за распределбата на парите по кој посегнал ?

Има уште многу прашања на кои ќе мораш да дадеш одговори !

Ти порачувам дека нити ќе ме спречиш, нити ќе ме заплашеш, нити ќе го спасиш криминалот твој и на твојот вистински шеф, побегнатиот криминалец во Будимпешта.

Одговорност ќе има за сите, од прв до последен.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!