Костадинов: Димовски не може да одлучува за Јанева бидејќи е обвинет во случај на СЈО

На денешната Комисија за избори и именување на која треба да се донесе заклучок и мислење за разрешувањето на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, членовите на владејачкото мнозинство побараа изземање на пратеникот Илија Димовски кој претседава со Комисијата.
Димовски е обвинет во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, па членовите на мнозинството сметаат дека постои конфликт на интереси во однос на одлучувањето за Јанева. Пратеникот Костадин Костадинов рече дека функција на Димовски е спротивна на законот за спречување на корупција бидејќи е инволвирани во предметот на СЈО.
На барањето на СДСМ, Димовски одговори дека нема да се повлече бидејќи ако се следи таа логика од комисијата треба да се повлечат и пратеници од СДСМ за кои исто така има сомневање дека се инволвирани во одредени случаи.
Изземањето во случај кога има конфликт на интереси е наведено и во Кодексот за пратеници, конкретно во членот 75 став 1 и 2 во кој се вели:
„Кога службено лице ќе дознае за околности кои укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси, е должно веднаш да побара да биде изземено и да запре со своето постапување.
„Службеното лице ќе биде изземено од вршењето на определено дејствие со одлука на органот во кој е избрано или именувано, односно каде што ќе врши функции, јавни овластувања или службени должности и по барање на заинтересирано лице кое дознало за околности што укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси.
Членовите на Комисијата за избори и именувања со двотретинско мнозинство одлучија седницата да се води зад затворени врати без јавност од причина што Извештајот за обвинителката Јанева, поднесен од Советот на јавни обвинители е класифициран.

Leave a comment

error: Content is protected !!