Концертот на Балашевиќ во Скопје е речиси распродаден!

 

Од Авалон продукција соопштуваат дека билетите за концертот на Балашевиќ кој ќе се одржи идната сабота, на 19ти мај во ВИП Арената, е пред распродавање.

Оние билети што останаа, можете да ги набавите онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, по следниве цени и категории:

700 денари ПАРТЕР (стоење)

900 денари ТРИБИНИ (блок 1 и 15)

1000 денари ТРИБИНИ (блок , 5, 6, 7, 9, 10 и 11)

1200 денари GOLDEN SEATS (блок 2, 4, 8, 12 и 14)

Балашевиќ доаѓа по четврти пат во ВИП Арената “Борис Трајковски” од нејзиното постоење и овој пат интересот е убедливо најголем! Неговите концерти се секогаш уникатни, но се чини, како никогаш досега оваа пролет е вистинскиот миг за Балашевиќ во Скопје.

Инаку познатиот пејач најавува концерт на кој планира да пее речиси 4 часа, што е навистина за поздрав, затоа што секој негов настап во Скопје изобилувал со емоции, шеги, досетки и секако неизбежните големи хитови на кои публиката секогаш го поздравува со овации и пеење во еден глас.

Leave a comment

error: Content is protected !!