Connect with us

Repriza.mk

Колку повеќе се дружите со вашата мајка, толку повеќе ќе живее!

Колку повеќе се дружите со вашата мајка, толку повеќе ќе живее!

Инфо

Колку повеќе се дружите со вашата мајка, толку повеќе ќе живее!

Презакажете ја договорената вечер со вашите другарки и наместо тоа, излезете со вашата мајка – така ѝ подарувате повеќе време. Едно истражување покажува дека кога се дружиме со луѓето што ги сакаме, тоа предизвикува тие да напредуваат, дури и подоцна во животот. А погодете кого најмногу сака вашата мајка – точно, вас!

Докторите од Универзитетот во Калифорнија спровеле истражување што следело 1.600 учесници во 60-тата и 70-тата година од животот за да откријат дали осаменоста има одлучувачко влијание врз очекуваниот животен век.

По 6 години следење и истражување, научниците откриле дека осаменоста имала поголемо влијание врз постарите, многу повеќе отколку што очекувале. Оние што рекле дека имаат друштво и значајни врски, живееле подолго од оние што изјавиле дека се чувствуваат осамено. Осаменоста побрзо ги доведувала до смрт.

Според истражувањето, смртта може да се предизвика и со негативни психолошки чувства што доведуваат до опаѓање на здравјето. Едно од нив е осаменоста – не во смисла дека личноста нема со кого да разговара, туку во смисла дека нема значајни односи за да ги негува и нема за кого да се грижи.

Затоа, вметнете ја вашата мајка во распоредот, дури и ако е премногу зафатен. Поканете ја на ручек, прашајте ја за совет, одете заедно на шопинг. Ако не живеете блиску, посетувајте ја почесто и јавувајте ѝ се и разговарајте за секојдневните борби и радости.

А ако живее сама, истражувачите предлагаат старски дом или пензионерска заедница како одлично решение. Овие места нудат поголема шанса таа да има пријатели, да има некаква физичка активност и да напредува. Така што, и покрај тоа што другите ќе зборуваат, вие ќе ѝ овозможите да ги подобри социјалниот живот и  здравјето.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Leave a comment

Continue Reading
You may also like...

More in Инфо

To Top
error: Content is protected !!