Connect with us

Repriza.mk

Кекс или секс? Проценете сами!

Музика

Кекс или секс? Проценете сами!

 Сте го погледнале ли „треш“ спотот кој на прв поглед изгледа како пародија на поп појавите од осумдесетите години и песна во која се пее за кекс? Но, дали навистина се мисли на бисквити или колачи?

Константин Трендафилов, кој работи како копирајтер во Бугарија, стана интернет сензација, а неговиот спот вирално се споделуваше и предизивика позитивни реакции. Во видеото, Константин, е придружуван од две згодни девојки, облечени во трикоа за вежбање. Низ многубројни сексуални алузии тие му помагаат на Трендафилов во неговата намера да ни го престави рецептот за колач ( на бугарски, кекс). Алтер егото на Константин е Папи Ханс, кој раскажува колку лоши работи му се случиле претходниот ден, но се е неважно, затоа што претходната вечер правел кекс.

Голем дел од младата, а и од постарата популација навистина веруваат дека оваа песна е за правење на кекс ( колач). Но, повеќе од јасно е дека Папи Ханс алудира на секс, па затоа и песната доживеа ултра голема популарност.

Инаку, интересно е дека Константин има македонско потекло, а за себе вели дека е половина Македонец, половина Бугарин.

Leave a comment

More in Музика

To Top
error: Content is protected !!